Прејди на содржината

Јордан (река)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Воздушен поглед на реката Јордан, 1938 година

Јордан е река во Западна Азија, која тече низ истоимената долина и се влева во Мртвото Море. Реката тече во границите на Израел. Јужно од езерото таа служи за граница помеѓу државата Јордан и Израел, како и помеѓу Јордан и Западниот брег. Реката е долга 252 километри.

Реката Јордан е важна за христијанството, бидејќи се верува дека во неа бил крстен Исус Христос од страна на Свети Јован Крстител.

Јордан како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]
  • „Реката Јордан“ (англиски: Jordan River) - песна на јамајскиот реге-музичар Burning Spear од 1975 година.[1]
  • „Јордан“ (англиски: Jordan) - песна на американската фолк-музичарка Емилу Харис (Emmylou Harris) од 1980 година.[2]